МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Почетокот на претставата е закажан за среда -7 јуни во 20 часот.

По гостувањата во Гостивар и Скопје, хит комедијата „Стјуардеси“ во режија на Диме Коцевски, а во изведба на театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци, во среда повторно се враќа на сцената на кавадаречкиот театар, но овој пат со хумана мисија. Сите собрани средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за лекување на Александра Недева (46) од Кавадарци, која боледува од Myelofibrosis primary, нарушување на коскената срж кое ја попречува нормалната продукција на матични клетки, за што е потребна трансплатација на матични клетки во странство. Цената на билетите е 100 денари и можете да ги резервирате на следните телефони: 078 327 033, 078 840 735 и 076 270 211. Фото: Тони Коцев