МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Одделението за превенција при ПС од ОН Кавадарци дележе флаери со едукатицна содржина „Да ја заштитиме шумата од пожар„.

Денеска на регионалниот пат Кавадарци-Мушов Гроб, Полициската станивца од Општа надлежност Кавадрци-одделение за превентивни работи спроведе акција за делење на едукативни флаери за заштита од пожари.

0101010090909090.jpg.jpg

Имено по одржувањето на Советодавната група на граѓани посветена на анализата за случените пожари на отворено лани, и состојбата со подготовната за справување со нови пожари годинава, постапено е според заклучоците од ова средба за практична едукација на населението . Излегување на терен денеска е конкретизирано со запирање на возила и делење на наменски флаери на возачите и нивните сопатници кои главно се упатуваа на подрачјето на селата или стопанските субјекти во Поткожувскте села.Ова подрајче е главно шумовито и постојат можности да се случат шумски пожари .Оттаму вниманието кое треба да го имаат сите кои престојуваат овде.„Да ја заштитиме шумата од пожар„ е осоновната порака на флаерите во кои се наведува потребата од наше брзо реагирање кога ке се иницира мал пожар.Ако веднаш се интервенира пожарот може да се изгасне и со чаша вода, а ако не се направи тоа, и тони вода ке бидат малку да се изгасне огнената стихија. Затоа е важно веднаш да се реагира соодветно, да се повика бројот 193 или 195, правилно да се оцени видот на пожарот, и ако е можно веднаш да се пристапи кон гаснење ако пожарот е мал.

004040499995959556.jpg.jpg

Инспекторот за превенција Димитар Каракулев кој го колегите денеска се сретна најмалку со 50- возачи на возила кои се упатуваа кон подрачјето на Бошавијата односно поткоживските села,кратко разговараше за целта на акцјата и укажуваше на важноста на превентивната заштита од пожари,која може да биде и пресудна ако има опасност од било каква огнена стихија