МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод светскиот Ден на велосипедизмот, денеска во Кавадарци беше реализирано возење на велисипед низ градските улици во кое се вклучија кавадаречките ученици од основно и средно образование.

Милан Колев, претседател на Сојузот на училишен спорт на Кавадарци, појасни дека настанот е под мотото „И јас сум дел од сообраќајот". Колев ги замоли децата како најмлади учесници во сообраќајот, да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните ознаки. Дополнително, тој им се заблагодари на Министерството за внатрешни работи и Брзата помош, кои беа дел од денешната манифестација.За сите учесници во настанот беше организирана лотарија, а најсреќниот доби велосипед. Во име на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, пред присутните се обрати претседателот Љупчо Лазов.

„Вие со вашето учество на дефилето давате убав пример на другите граѓани од градот, да почнат да го користат велосипедот како превозно средство за спорт и рекреација, за што како Совет ви должиме огромна благодарност“ - нагласи Лазов.

Тој додаде дека на ваков начин се популаризира велосипедот, а со негово масовно користење, ќе се допринесе за подобрување на животната средина и решавање на проблемот со паркирањето на возилата во централното градско подрачје. Лазов од надлежните побара што повеќе велосипедски патеки, а од граѓаните што почесто да користат велосипеди.