МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Компанијата Дрекслмајер денес свечено го отвори својот Инфо центар во Велес. По Прилеп и Кавадарци, Велес е третиот град кој доби канцеларија од ваков тип. Целта е да се биде поблиску до неколкуте илјади наши вработени од овие градови и околината, но и да сме подостапни за сите заинтересирани кои сакаат да се придружат на тимот.

„Неколку илјади граѓани од Кавадарци, Велес, Прилеп и нивните околни места се дел од тимот на Дрекслмајер Македонија. Со цел да бидеме поблиску до нив, но и до оние кои се заинтересирани да станат дел од семејството Дрекслмајер, компанијата отвори канцеларии во овие поголеми градови.

Денес во Велес свечено беше отворен и последниот, трет инфо центар во низата преку кој компанијата ќе биде подостапна и поприсутна за своите вработени, но и за потенцијалните кандидати. Тим од колеги ќе стои на располагање за сите прашања и ќе ги води заинтересираните низ процесот на аплицирање. Може да се конкурира за многубројни атрактивни работни позиции во областа на производство, логистика, администрација, а Дрекслмајер им овозможува на нашите вработени одлични можности за кариера, професионален и личен развој во рамките на компанијата, бесплатни обуки и тренинзи и меѓународна размена на искуства во рамки на DRÄXLMAIER Group. На отварањето на канцеларијата присутни беа и градоначалникот на Општина Велес, раководителот на Центарот за вработување Велес, како и здруженија со кои Дрекслмајер има успешна соработка.

„Драго ми е што денес ја отвораме инфо канцеларијата во Велес, која иако последна -секако не е и помалку важна. Идејата е да бидеме подостапни за многуте наши вработени од Велес, но и за сите заинтересирани кандидати кои сакаат да ни се придружат“, истакна при поздравното обраќање Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер, Македонија. Тој се заблагодари и на Општина Велес и Центарот за вработување за досегашната успешна соработка. Канцеларијата во Велес се наоѓа наспроти главната пошта и е отворена секој работен ден од 08:00 до 18:00 часот. Вратите се отворени за секој кој сака да дознае повеќе за компанијата. Со над 5.000 вработени Дрекслмајер е еден од поголемите работодавачи во регионот, а вработените се најголема вредност за компанијата„ се вели во денешното соопштение под Дрекслмајер во Кавадарци.