МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Каква е техничката исправност и светлосно - сигналните уреди на овој вид на земјоделската механизација кај нас ?

Денеска претпладне Полициската станица од Општа надлежност- Оддел за превентивни работи спроведе превентивна акција за контрола на техничката исправност и светлосно сигналните уреди кај тракторите и земјоделска механицација ,кои се движат по улиците и регионалните и локалните патишта.Поради потребата од нив овој период тие со значаен процент учествуваат во вкупниот сообраќај кој се одвива кај нас , што ја наметнува потребата од зачестена контрола а пред се превенција како би биле спречени или намалени сообраќајните незгоди .

00000000000000000011132.jpg.jpg

000000000009299292.jpg.jpg

Акцијата се одвиваше во близина на АМД „Страшо Пинџур„- Кавадарци

001010001010101000.jpg.jpg

На сите возачи на трактори им беа поделени флуоресцентни елеци со логото на станиците за технички преглед и осигурителните компании . Инаку овие компании за осигурување се постојани поддржувчи на ваквите превентивни кампањи што е за поздравување.Истовремено дел од тракторите беа подвргнати на бесплатен технички преглед и проверка на уредите за кочење односно светлосно сигналните уреди.