МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Гори смрека и сува трева

Денеска околу десет часот во атарот на кавадаречкото село Бегниште избувна пожар.Шефот по заштита на шуми при подружницата на "Македонски шуми" од Кавадарци Петко Ристовски соопштува дека шумски работници и мештани неколку часа се на терен и интервенираат, се со цел огнот да не ги оштети околните лозови насади.

-Пламените јазици зафатија површина со смрека и сува трева. Правиме напори огнот целосно да биде изгаснат, нагласува Ристовски.

Тој вели дека дополнително ќе се знае колкава е површината зафатена од пожарот и висината на материјалната штета.

Апелира на внимателност до кавадарчани, се со цел превентивно да се влијае против пожари во време на пеколни горештини.