МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа Театарот при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ја изведе детско - младинската претстава “Приказна за волшебната шума“, работена по мотиви од бајките на Браќата Грим. Драматизацијата и режијата се на Микица Илова. Премирата синоќа покажа многу нешта.Прво и најважно салата беше полна публика.Имавме полна сала на Дом на Култура - деца, најубавата слика за еден новинар кога е во прашање културен настан. И релативно мирна беше публиката.Внимателно се следеше адаптацијата на приказната за волкот , црвенкапа,ловецот,готвачката,лошата кралица -вештерката , Јованче и Марика и другите ликови од приказните.Режисерката Микица Илова направила успешен спој од неколку приказни на браќата Грим, и така во еден спој на позитивни и негативни ликови еден час не држеа сите во состојба на внимание , како `се ќе заврши,. А заврши како во приказните.Убаво. Дeка децата се соживејаа со преставата е интереsот на крајот од истата да чекаат на ред за да се фотографираат со ликовите од неа. Во претставата играат: Анета Мишева, Александар Видиков, Кристина Јованова, Саше Орешков, Викторија Чочева, Јована Секуловска, Петар Јованов, Ана Мукаетова, Михаела Атанасова и Мартина Илиевска.Суфлери се Благица Илиева и Ангела Василевска.Костимограф - Сара Милевска а музиката е на Марјан Тодоровски.Светло - Пепи Ангелов и техничка подршка и реализација - Диме Темков.

278064802_535726104571232_845533660129699909_n 278014548_2125910207575737_8725275560219121459_n 277599682_4942921829159525_8563900596932022617_n 278132126_1252828328578662_7009041042231891375_n 278396117_2058436191025403_6498745103787220926_n