МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци не обвини дека наводно сме имале нереални проекти во нашата програма за локалните избори и сме ги лажеле граѓаните“, ова е демант на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Каадарци.

„Само да се потсетиме. ВМРО-ДПМНЕ 11 години беше на власт во Македонија и 8 години во Кавадарци. Единствени нивни резултати се тоа што си направија партиско седишто т.е. палата од 30 милиони евра, и станаа најбогатата партија во Европа, со пари украдени од граѓаните.

Понатаму, целото раководството на ДПМНЕ е под сомнеж и има кривични пријави за тешки криминали. Во Кавадарци, корумпираната локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, изминативе 8 години не исполни ниту едно од нивните ветувања. Каде се Аква Паркот, Подземниот Коридор, Затворениот Пазар и Деловно-Трговски центар, реконструкцијата на улиците, Затворениот базен? Со 80 милиони евра вкупен општински буџет, ДПМНЕ во Кавадарци за 8 години успеа да направи само еден кружен тек.

Од друга страна, новата Влада предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, за само 3 месеци ја зголеми минималната плата на 12.000 денари – ова е првиот услов за да тргнат сите плати нагоре. Ја вративме евтината тарифа на струјата. Трајно го решивме проблемот на стечајните работници, за околу 3000 лица и нивните семејства. Го укинавме екстерното испитување. Ја укинуваме радиодифузната такса. Ги скративме трошоците на функционерите и ги отворивме тајните договори што ги правеле владата, министерствата, агенциите, дирекциите. Обезбедивме финансиска поддршка од 10.000 евра неповратни средства за млад земјоделец. Воведовме двосменско работење во јавната админстрација и во градинките.

Покажавме дека зборот е збор!

Одговорно тврдиме и дека секој проект од нашата програма „План за Живот во Кавадарци“ е внимателно разгледан и анализиран. Во нашата програма се напишани реални и остварливи проекти, кои значително ќе го подобрат животот на сите граѓани на Кавадарци.

За крај, доколку имаат цврсти против аргументи, ги повикуваме да го охрабрат нивниот кандидат да излезе на ТВ дебата. Ги даваме сите можни гаранции дека на евентуалната дебата нема да има никакви навреди ниту пак лични дисквалификации од наша страна.

Морална должност, кон граѓаните и кон демократската јавност, на секој кандидат за градоначалник е да излезе на ТВ дебата и да ги презентира своите проекти и визија за развој на Кавадарци, „ се вели во соопштението на СДСМ-Кавадарци како одговор на денешната прес на ВМРО-ДПМНЕ која ја одржа потпаролот Андон Лазаров.