МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-На денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на СДСМ Бетиане Китев,ја нагласи потребата од промени за подобрување на животот во Кавадарци

Интегрален текст-„Почитувани сограѓани,време е Кавадарци да застане на победничката страна, на страната на животот и промените. На страната на која застана цела Македонија!На нашиот град му се потребни промени. На Кавадарци му треба подобра инфраструктура, посредени улици и патишта, нови градинки, спортски терени, гасифиикација; На граѓаните на Кавадарци им е неопходен чист воздух; За младите мора да отвориме нови можности и повисоки плати со цел да не ни заминуваат во странство , И секако на сите граѓани им е потребна отворена и услужна општина.Денес, би сакал да ги повторам 5-те клучни проекти кои ќе бидат приоритет на новата локална власт и на мене како градоначалник.Под број еден, во соработка со Владата, целосно ќе го гасифицираме Кавадарци. Граѓаните и фирмите ќе плаќаат поефтини сметки за електрична енергија и до 50%. Под два, ќе изградиме затворен пазар со подземен паркинг простор. Пазарџиите и граѓаните повеќе нема да мрзнат зимно време на отворено. Под три, во Кавадарци ќе изградиме нова детска градинка! Родителите повеќе нема да имаат грижи каде би биле згрижени нивните деца додека тие се на работа. Под четири, целосно ќе ги реконструираме главните улиците и булевари во Кавадарци, и ќе го замениме асфалтот на сите оштетени улици во градот. Исто така, планираме и изградба на три нови кружни текови. И под пет, планираме да го комплетираме колекторскиот систем на реката Луда мара до селото Марена.Почитувани сограѓани, заедно здружени може да направиме многу за нашиот град! Затоа ве повикувам да се придружите на нашиот тим. Нашата цел е заедничка! Враќање на животот во Кавадарци!,„ рече на денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на СДСМ, Бетиане Китев.