МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Солистот Ѓоко Ѓорчев е задоволен од својот концерт во Кавадарци.Неговите обожаватели го видоа Ѓорчев во ново светло,тенорска изведба на неколку дела.

Македонскиот „Том Џонс„ го остави срцето на сцена, испеа со силна емоција многу негови и евергрински хитови.За вкупниот впечаток да биде комплетен се погрижија Филип Стефановски и неговиот бенд.Концертот беше насловен „Мојот пат„, а гости му беа и Ирена Крстевска Стефановска-вокал и Кристина Палија-сопран -вокал.Оперските настапи на Кристина, и дуетот со Ѓорчев беа врв на музицирањето .Нешто што ретко се гледа а беше толку професионално и убаво изведено.Виртуозаност, која човек има малку шанси да ја ужива.Кристина и Ѓоко со неговите гости тоа ни го овозможија:„Фантом во операта„,„Шпански очи“ и други светски песни прозвучија невообичаено топло,исполнето, тенорски силно со музички набој кој ретко се слуша.

23244495_1858253011155403_7015739242864579747_n.jpg

„Дали ке пеам пред 100,300 и 200.000 луге за мене е сеедно, Важно е публиката да ја слуша мојата и музиката на моите гости, како што беше во Кавадарци„ ни изјави Ѓорчев по концертот кој го одржа синоќа во салата на Домот на Културата –Кавадарци кој беше дел од неговата македонска турнеја посветена на 25 годинишнината од неговото бавење со музика.

23376579_1858253044488733_6630383601713017291_n.jpg

Тој продолжува со својата турнеја со која наскоро гостува во Скопје во салата на Македонската Опера и балет.