МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Советот започна со јасно и транспарентно работење.Градоначалникот ке ги поддржи проектите кои ке носат просперитет на Општината.

Кавадречкиот совет втората редовна седница ја одржа во конструктиувна атмосфера без фаворизирања на ниеден политички субјект , и остави вчечаток дека така и ке фунционира и во иднина. Постојниот буџет на Општина Кавадарци е реализиран 50 насто и во моментов има околу 36 милиони обврски наследени од претходната локалана самоуправа,што за градоначалникот Митко Јанчев не се големо опретеретување за старт на рабтата на ова локална власт.Извештајот за ова проблематика го поднесе раковорителот на сектирот за финасии Цанка Јованова.Во дискусиите Лазар Туриманџов од СДСМ побара материјалите да ги добиваат благовремено и да имаат прецизна прегледност на сите ставки особено долговите,Јосиф Стојанов –соодветен финасиски отчет за сите ставки во приходите и расходите.Зоран Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ рече дека неговата советничка група ке ги подржи и двете точки важни за функционирањето на градот и Општината и во иднина ке имаат позитивен став кон сите проекти кои се од интерес на граѓаните.Ташо Радњански побара поголеми вложувања во ОСУ„Киро Спанџов Брко“ со забелешка за недоследностите при поставувањето на енергетската фасада на ова училиште и забележа на фаворизацијата на Гимназијата во однос на другите две средни училишта,Горица Пеливанова-Вилхелм му реплицираше дека едно се планирањата друго е самата реализција, Анита Гинова исто така се клучи со дискусија со објаснување за поскапување на објектите во текот на самата градба.Инаку и двете советнички групи дадоа зелено светло за Извештајот за третиот Квартален период и за ребалансот на буџетот, каде влегоа и исплата на 1.700 илјади денари за потребите на ГФК „Тиквеш“ кој е во лоша состојба.Градоначалникот Митко Јанчев ги прифати сите укажуавња од советниците ветувајќи, транспаретност за секој денар,отчетност на арминистрацијата на собранието од која податоци ке можат да бараат сите советници,парите ке одат само за наменски цели,а проектите кои се заедничка обврска на централната и локаланата власт се надева ке се реализираат пред се во интерес на потребите на граѓаните.Дискусија се водеше и за Предлог планот и Програмата за развој каде во расправата се клучија Божанка Минова,Петар Николов,Ташо Радњански,Горица Пеливанова-Вилхелм,Зоран Јованчев,Душица Крстиќ. Јанчев од своја страна подвлече дека сегашната програма може да се надополни со нови иницијативи, дека е планирано од други фондови, и Програми да се повлечат поволни финасиски средства и вложат во општината .СОУ„Киро Спанџов Брко„ и „СОУ„Ѓорче Петров„ ке добидат заедничка топлана со цел да се заштедат средства за греење, сите училишпта ке настојуваме да имаат квалитетни кадри и раководители кои ке бидат и добри менаџери, освен што се педагози.За 30 дена Министерството за труд и социјалан политика очекува да ја опреми Градинката кај Здраствен дом, истовремено да се одобрат средстгва и за нови вработувања во неа, а Локалната смоуправа ке ја огради и го реши греењето.Беа усвоени две точки во врска со одлуки за распределба на средства за нафтени деривати, како и одлуката за средства со намена за привремени вработувања(во ППТ едница, во Детската градинка, и Локалната самоуправа).И овој предлог беше усвен едногласно.