МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На два пункта во Кавадарци се собира помош за настраданите од невремето во Скопско.

Едниот пункт е во Црвениот крст, а другиот на Градскиот плоштад.

Како што денеска информираше Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на

Црвениот крст, пунктовите ќе бидат отворени секој ден во наредните неколку дена од изутрина до

околу 16 часот, а по потреба тој временски период може да биде и продолжен.

Собраната помош континуирано се доставува.Да донираат помош се заинтересирани и поголеми

компании и дисконти, кажува Каракулев. Тој истовремено информира дека синоќа во организација

на Црвениот крст и ноќниот клуб „Експрес кафе“ била организирана донација на финансиски средства

за настраданите од невремето.

Инаку од неколку поголеми маркети има најави за самостојно дарување на прехрамбени пакети

за настраданите во селата во околината на Скопје.

Хуманата акција ќе продолжи и во четирите денови од наредниот викенд.