МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД ,,АВАНТУРИСТИ,, успешно спроведе хуманитарна акција, во која беа поделени 150 палачинки и 150 шишиња вода. Целта на оваа акција беше да се соберат финансиски средства за заедничка прошетка на Децата со посебни потреби, децата од Мал групен дом и ИЗВИДНИЦИТЕ во Скопје и посета на Зоолошката градина во Скопје и ДИНО Паркот. Преку оваа заедничка дружба ќе се постигне хуманитарен чин со тоа што ќе помогнеме во социјализирање на Децата со посебни потреби и Децата од Мал групен дом, и ќе им се направи денот преубав, полн со радост и среќа, и со многу, многу, НАСМЕВКИ... Беа собрани 12.300 денари. Извидниците од Кавадарци им се заблагодаруваат на сите посетители на Градскиот парк ,,Љупчо Шкартов„ Извидниците од АВАНТУРИСТИ им се заблагодаруваат и на подржувачите на ова иницијатива а тоа се :Кожувчанка и Ресторан Моклиште . 257101135_421157472844222_4474217771166745819_n 257139093_421157719510864_6977696572690122010_n 257139093_421157719510864_6977696572690122010_n 257176495_421157549510881_4433903431423409515_n 257402523_421157839510852_4563736932101052372_n 257428300_421157756177527_180161123137560613_n 257483568_421157529510883_5647357537734786433_n 257556201_421157936177509_4774450012523654014_n