Учесниците на Меѓународниот фестивал на детски песни „Гроздоберче 2017, денеска во Унипалас 1 имаа забава на која добија благодарници и награди од директорот на Фестивалот Зоран Станоев - Дејзи

Сите учесници, оние кои пееја,ја правеа кореографијата,или кои на било кој начин беа вклучени во организацијата и одржувањето на годинашниот фестивал од Меѓународен карактер „Гроздоберче 2017 “ добија благодарници и поригодни награди, дар на помагателиоте и спонзорите.На ова реномирана фестивалска средба за децата која 21 година се одржува во Кавадарци. им обрати директорот Зоран Станоев-Дејзи, со благодарност за нивниот продонес кон градењето на една ретка манифестација која има за цел да го разубавува детскиот свет.Истовремено денеска беше промовирано ДВД-то од Фестивалот.Благодарница доби и РТК.МК која го подготви ова видео издание.Снимка од денешниот настан проследете деновиве на нашиот портал www.rtk.mk и на ФБ профилот на РТК(Регионална телевизиска куќа).