МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

3 декември се одбележува како Меѓународен ден на лицата со посебни потреби.Турнир во шах во Кавадарци

Овој ден е посебно акцентиран на потребите и проблемите кои ги имаат и со кои се соочуваат лицата со посебни потреби. Но, како што велат многу здруженија, невладини организации, сојузи за лицата со хендикеп – не е доволно само еден ден да им се посвети внимание на овие лица и на нивните права за еднаквост со другите. Тоа треба да биде секој ден, да претставува дел од човечкото општество. Овие лица најмногу бараат еднаквост, самостојно живеење и функционирање во општеството.Оттаму потребата од инклузивност е повеке од потребна .

По тој повод (петок 1.12/2017 година) во новите простории во НВО Центарот ви Кавадарци се одржа традиционалниот турнир во шах на кој учествуаа повеке преставници од различни Здруженија на лица со попречености од Кавадарци.На денешниот натпревар во шах првото место му припадна на Миле Атанасоски-слепи потоа следува Богоја Јошев-слепи а трет беше Јанче Сакалиев-глуви.За третманот на овие лица во општината и инклузивноста во општеството говореа;Николчо Делов-претсдетел на ССРИ-Кавадарци, Марија Пандарова-Попов-дефектолог, Михајло Михајлов - Здружение-„Мобилност„ и Султана Јошева - Здружение на слепи лица Кавадарци.