МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фудбалерите на КСК (кавадарски спортски клуб)“ Тиквеш“ од Кавадарци 1930 година.

Oваа е настарата фотографија на фудбалскиот клуб “Тиквеш“,а истата е сочувана во семејниот албум на Томе Хаџи Василев. Пред ФК “Тиквеш“ биле фудбалските клувови “Братство“ и “Победа“. Снимката е направена на игралиштето кое се наоѓало во дворот на денешната стара болница позади куќата на браќата Борис и Димо Димовски. На фотографијата се: Лазо Јосифов, Александар Хаџи Василев, Ило Мукаетов, Стојан Белевски, Димо Димовски, Душан Чемерски, Тодор Крстев и други.

Снимката ја направил фотографот Илија Шкартов.

Избор од фотодокументација на Музеј Галерија :П.Качевски