МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЈП„КОМУНАЛЕЦ“ ДЕНЕСКА ПРОМОВИРА НОВО КОМУНАЛНО ВОЗИЛО ЗА КОНТЕЈНЕРИ ОД 3 И 5 М3

За неколку години кавадаречкото јавно комунално претпријатие изврши комплетна замена на постојниот застарен возен парк со кој значително ја обавува својата основна функција.Денеска на на јавноста и беше претставено ново возило.

“ Како и претходните години, продолжуваме со реализацијата на програмата за набавка на нови комунални возила.Конкретно денеска сакаме да го промовираме новото возило за износ на смет за износ на контејнери од 5 и 7 метри кубни .Вредностра на возилото е околу 5 милиони денари, рече Илија Атанасов, директор на „Комуналец„

Што се однесува за наредните проекти НА Комуналец тој напомена дека во фаза на тендерирање е пороектот за замена на водоводна , фекална и атмосверска линија, од Градскиот базен до т.н „Коњски Дупки“.ЈП„Комуналец“ е во фаза на изработка на проектна документација за реконструкција на колекторот на реката „Луда Мара„.Се работи за вкупна инвестиција од 4 милиони евра само за колекторот кој се работиме во етапи почнувајќи од наредната година, додека проектот за новите линии за вода и канализација чинат околу 30 килиони денари.Сите средства „Комуналец„ сам ги обезбедува од сопствени извори.

Градоначалникот Александар Панов, го изрази задоволството што Комуналец и понатаму останува едно од најуспешните претпријатија во Македонија од овој тип и дополни дека во прилог на решавањето на проблемот со паркирање во градот, за паркинг ке биде отстапен дворот на сегашниот„Ан„-делот на ОЕ„Хигиена и зеленило“ со цел да се продонесе да се намали сообраќајниот хаос на делот окиолу паразиштето.