МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Оваа година Тиквешкиот гроздобер ќе се одржи на 7, 8 и 9 ти септември.

Општина Кавадарци веќе ги започна подготовките за оваа манифестација. Тиквешкиот гроздобер со својата традиција е од огромно значење за нашата општина. Оваа година се надеваме дека Тиквешкиот Гроздобер ќе го врати сјајот и ќе го претставиме Кавадарци во вистинско светло. Ние како граѓани на Општина Кавадарци можеме и треба да со свој придонес да учествуваме во оваа манифестација и по завршувањето да се гордееме со тоа што сме го постигнале.

Општина Кавадарци објавува Јавен повик за пријавување за учество на манифестацијата Тиквешки Гроздобер- Вински карневал 2018 год. Организаторот ќе биде задолжен за гостопримството и комфорот на учесниците. Право на учество имаат сите лица кои сакаат да настапуваат во групни маски и да го збогатат Винскиот карневал со иновативни идеи во духот на виното и традицијата на Тиквешкиот Гроздобер.

Пополнетиот формулар испратете го на следната адреса: opshtina@kavadarci.gov.mk

Лице за контакт

Сања Крстиќ 072 307 225