МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Годинава во село Ваташа се гради мост, нов кеј, нови улици,а ке се решат и бројни инфрструктурни проблеми.Попладнево градоначалникот Митко Јанчев со секретарот на Општина Кавадарци Горан Чулев претстојуваа во Ваташа.

Ова лето ке започнат да се градат:

-Нов кеј во Ваташа,

-Нов мост на реката Луда Мара

-Се става во функција Спомен домот на културата

-Ке се градат нови улици

-Се решаваат прашања поврзани со водоснабдувањето

-Се обновува Спомен комплексот „12 деца“ на Моклиште

-Бројни комунални решенија од инфраструктурен карактер

-Тековни проблеми на жителите ...

Со новото раковоство на Месната заедница Ваташа , при денешната средба градоначалникот Митко Јанчев ги нотира,и ги предложи во програмата за комунална изградба заедно со новото раководство на Месната заедница а со жителите на селото практично на терен.Тој се запозна со конкретните проблеми со кои се соочуваат селаните но досега не наишле на разбирање кај општината власт.Се работи за проблеми поврани со слаб притисок на вода на некои улици ,штети од поројни води,лоша улична мрежа,лоша атмосферска или канализациона мрежа и слично.Тој престојуваше на лице место каде е проблемот со цел да ја разбере тежината на навидум едноставните прашања кои за жителите се проблем кој некогаш и од безбедносен карактер, како што е примерот со паркираните камиони на важни сообраќајникци и сл.

Спомен домот на културата во Ваташа,делот на канцелариите ,салата и санитарниот јазол во рок од два месеца треба да бидат санирани, поправени и ставени во фукција за на 16 јуни годинава бидат достојно одбелжани со Свечена академија, 75-те години од стрелањето на 12 –те деца на Моклиште.Помош за ова работа ке има од донции и Општина Кавадарци.За кратко време ке започнат работите на урбанизирањето на реката Луда Мара со комплетно уреден кеј од 800 метри -од сегашниот мост на излезот на селото до Амбулантата во Ваташа.Се очекува за кратко време да започне да се гради нов излезен мост од населбата кон Витачево, и други инфраструктурни изведбиво во централниот дел на Ваташа.Постапно годинава ке се решат најсуптилните прашања а наредните години ке се затвараат сите комунални и други отворени проблеми кои со години не се разрешени.Еден од најголемите потфати е изградбата на пешачка и велоспиедска патека во должина од 4.800 метри до „Воденицата„ во комплексот Моклиште со попатно уредување на патеки,инфраструктирни елементи, осветлување и сл.Тоа би требало да претставаува иден туристичко рекреативен центар за овие генерациите кои доаѓаат.

20180425_183942.jpg

20180425_183202.jpg