МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ќе се употребат 25 килограми семе за трева

Само денеска(сабота) ќе се употребат 25 килограми семе за трева, во делот од градот што своевремено беше запуштен. Како што појаснува Ратка Мукаетова, раководител на работната единица за паркови и зеленило при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци, се припремаат терените и се сее трева. Таа информираше дека во овие пролетни активности во целиот град ќе се засеат околу 500 килограми тревно семе, досега се посеани 150. -Истовремено, работници од комуналното претпријатие вршат косење на тревата околу сите згради во новиот центар, за да се избегне опасноста од змии и глодари, но и да се разубави околината, нагласи Мукаетова. Таа додаде исто така дека сите активности се и со цел позелена и почиста животна средина и поубав град.