МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

СЕ ЗГОЛЕМУВА ИНТЕРСОТ КАЈ ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ПОСЕВИТЕ Повеке од илјада земјоделци од Тиквешијата аплицирале за субвенции при осигурување на своите земјоделски култури, велат Зоран Шалев и Златко Пенков, раководители на подрачните единици на Министерствоото за земјоделство, шумарство и водостопанство од Кавадарци и Неготино. -Во Кавадарци и Неготино таа бројка е над 700 апликанти.Тие поднесоа документи кај на за да ја искористат можноста што им ја нуди државата, да добијат 60 процентна поддршка кога се во прашање финансиските средства кои треба да ги издвојат за осигурување на своите земјоделски култури, соопшти Шалев.Тој вели дека Кавадарци се наоѓа на врвот на листата на општини во државата, кога е во прашање бројот на земјоделци заинтересирани за овој вид на субвенции. Златко Пенков од ПЕ во Неготино пак истакнува дека овде осигурувањата во земјоделието се над 400 земјоделци , и тоа од Општина Неготино и Општина Демир Капија.Земјоделците решиле да ги осигураат своите земјоделски култури и на тој начин да ги заштитат, притоа користејќи ги субвенциите кои ги нуди државата.