Десет студенти од техничките факултети кои се четврта година и ги исполнија критериумите, станаа стипендисти на Дрекслмајер. Младите и нивното образование остануваат во фокусот на Дрекслмајер. Компанијата продолжува со својата пракса и повторно поддржа дел од најдобрите студенти од техничките факултети при Универзитетите „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.
Стипендијата вклучува месечен паричен надомест за еден семестар како и едномесечна пракса во фабриката Дрекслмајер во Кавадарци. Практичната работа е осмислена од специјалисти инженери на DRÄXLMAIER Group, а секој студент ќе биде дел од тимот на одреден оддел. Стипендистите ќе бидат ангажирани на конкретна проектна задача, а низ креативниот процес ќе ги води ментор – специјалист. Студентите пројавија огромен интерес за вклучување во стипендиската програма на Дрекслмајер. Избраните стипендисти се студенти кои го запишале осмиот семестар и ги исполнуваат пропишаните критериуми на компанијата. По одржаните интервјуа и тестирања при селективниот процес, беа одбрани најдобрите десет кандидати. „Со нетрпение очекувам да започнам со работа на доделениот проект. Се надевам дека овде во Дрекслмајер ќе научам нешто ново и ќе стекнам почетно искуство во областа на Индустриското инженерство“, рече Наталија Момчиловска Димоска, студентка на Машински факултет, Скопје. „Ќе имаме месец исполнет со интересни проекти и мотивирани студенти. Чест ми е што сум дел од стипендиската програма на компанијата и што ќе менторирам проектна задача на еден од нашите стипендисти“, истакна Бранкица Аргиева, менаџер во производство во Дрекслмајер. Се радуваме на сите млади ентузијасти кои се придружуваат на нашиот тим и драго ни е што можеме да понудиме атрактивни работни позиции за разновидни стручни профили: Машински/електро инженери, технички лица, или пак ИТ специјалисти. Дрекслмајер има долгорочна стратегија во поддршката и развојот на младите луѓе. Инвестирање во образование и знаење е инвестирање во иднината.