МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци во насока на мисијата и визијата на фондацијата, објавува К О Н К У Р С за доделување на стипенции во 2018 година

Фондацијата “НИКОЛА ЈАНЧЕВ” Кавадарци доделува вкупно 46 стипендии и тоа:

За ученици запишани во Општински основни училишта вкупно 12 стипендии, за ученици запишани во Средни општински училишта вкупно 12 стипендии,за студенти запишани на Факултетите на територијата на Република Македонија вкупно 12 стипендии.

Право да добијат стипендија имаат редовните ученици во јавните и приватните основните, средни училишта и факултети во Република Македонија, кои се државјани на Република Македонија и да се родени во Кавадарци.

Покрај општите услови, за секој тип стипендија има дополнителни услови кои секој од кандидатите мора да ги исполни за да се стекне со правото на користење на паричен надоместок (еднократно) во вид на стипендија.

Учениците од средните и основните училишта родени во град Кавадарци треба да ги исполнуваат следните услови:

ученикот да има континуиран успех повисок од 3,5

Да не повторувале ниту една година во текот на школувањето

Да немаат намалено поведение

Наградa на општински натпревар или I, II, или III награда на опстински натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

Наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

Наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

За студентите пак кои ќе аплицираат за стипендија се поставени следниве услови.

Потврда за запишана година на факултетот

Студентите не треба да се постари од 26 години

Студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование

Претходните години на студии постигнале просечен успех од 8,00 и над

Редовни студенти со континуирано студирање, наградa на државни натпревари или I, II, или III награда на државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

Редовни студенти со континуирано студирање, наградa на меѓународини натпревари или I, II, или III награда на државни натпревари од областа на науката, техниката, културата и спортот

Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворено плико со назнака „за Стипендии од фондација Никола Јанчев за стипендирање на талентирани ученици и студенти“ ул. ”Шишка” бр.37 Кавадарци. Рокот за поднесување на документите е до 06.07.2018 година.

Вкупен износ на стипендирана сума :600.000,00денари.

Повеќе информации на веб страната: http://www.fnj.org.mk/