МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ова е „Илинденска„ денеска една од наjпрометните улици во Кавадарци, каде од возила не можете да поминете.1955 тоа била пуста калдрмисана улица, нечиста, калрмисана, без ниедно возило и водела кон излез на градот.

Ќе препознае ли некој дека е ова денешната улица Илинденска. Од десната страна се куќите на Страшо Ѕенгов на Мударови,Илиеви, Мурџевци, Сеизови и на крајот куќата на Митката Митков Даскалот (Лимба). Од левата страна се куќите на Ѓорѓиеви, Мургови и др.Фотографијата е од 1955 година.

Петре Камчевски-поранешен директор на Музеј галерија Кавадарци