МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На дневен ред се Предлог –Квартален Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кавадарци-Втор Квартал,Предлог-Одлуката за изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кавадарци за 2018 година и Предлог-Одлука за изменување и дополнување на одлуката за основање на Јавно претпријатие за изменување и дополнување на Одлуката за основање на Јавно претпријатие за Јавни паркиралишта.

На ова седница предвидено е донесување Предлог-Заклучок за исплата на додаток на плата по основ утврден степен кариера на вработени во општинската администрација на Општина Кавадарци;Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Кавадарци за 2018 година како и Предлог-Програма за изменување и дополнува на Програмата за Развој на Општина Кавадарци за 2018 година;Предлог-Одлука за определување на заштитна зона Лукар, како заштитна зона со води наменети за консумирање,Предлог-Одлука за финансиски придонес на Под-Проектот,,Интегрирана програма за развој на туризмот во Општина Кавадарци; Предлог-Одлука за одржување на објектите реконструирани со реализацијата на Под-Проектот,,Интегрирана програма за развој на туризмот во Општина Кавадарци,,финансирани по проектот ПЛРК и други материјали. Седницата е закажана во 12 часот напладне.