Oпштина Кавадарци-Локалана самоуправа интрензивно ја реализира Програмата за комунална изградба
Ревитализирана уште една улица во Кавадарци.Во рамките на проектото за обновување на дотрајаниот и оштетен асфалт на неколку улици, извршено е поставување на нова асфалтна подлога на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.Овој пат се работи за поставување нов асфалт на површина од 1.500м2 и тоа на делот од спојот со улица „Шишка“ во должина од 260 метри.
Инаки во рамките на втората кампања за ревитализирање на улиците во Кавадарци се асфалтираше делница од улицата „Дисанска“.Согласно проектот се постави нов слој асфалт на површина од 1350 м2, со што се обнови дел од оваа улица. Претходно беше извршено гребење на стариот и оштетен асфалт. На оваа локација Општината инвестираше пари од буџетот за изградба на тротоарска делница.
Извршено е асфалтирање на улицата „Струшка“ со целосно нов слој на површина од 1.340м2. Со ревитализација е опфатен делот од спојот со улица „Киро Крстев“ до спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“. Од сметка за комунална изградба општината инвестира 2.100.000 денари.Во оваа кампања се реконструираа една улица во селото Марена.