МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Најуспешното училиште за средно образование ова година ЗШУЦ„Ѓорче Петров„ годината ја завршува со низа активности.

Да потсетиме на вратената доверба на основците во изучувањето на насоките кои им стојат на располагање, воведувањето на средно медицинско образование, враќањето на угледот на земјоделската и шумарската струка, а деновиве кога се сведуваат резултатите од едногодипната работа следуваат уште неколку активности. Утре ке се одржи новогодишната забава која ја подготвија самите ученици со професорот по македонски јазик и литература, во Општата болница ке донираат телевизор, а денеска еколошката секција одржа работилница.

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници во ЗШУЦ„Ѓорче Петров„ еколошката секција , само ја потврди својата годишна активност и одржа работилница за изработка на божиќни и новогодишни аранжмани.Учествуваа ученици од еколошките секции на основните училишта во градот.Целта е преку подигање на нивото на еколошка свест да се соработува меѓу еколошните секции и на тој начин на се зголемува љубовта кон природата и желбата за нејзино зачувување.