МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oбјавен Конкурсот за доделување на награда „7 Септември“ на град Кавадарци за 2018 година

По повод “7ми Септември” Денот на ослободувањето на град Кавадарци, Општина Кавадарци- Локална Самоуправа објавува Конкурс за доделување на награда “7 Септември”.

Наградата ” 7 Септември “ на градот Кавадарци се доделува на физнчки и на правни лица како знак на признание на Градот Кавадарци, за остварувања : во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот и физичката култура, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други сегменти на животот, трудот и творештвото, што претставуваат посебен придонес за развојот на Градот н за неговиот севкупен напредок и афирмација во Република Македонија и во светот.

На ученнци и на студенти Наградата се доделува за творечки труд или континуирани, успешни постигнувања во наставните и вон наставните активности што претставуваат посебен придонес за напредокот и афирмацијата на градог Кавадарци.

Наградата се доделува за остварувања во изминатиот период од една година (сметано до завршувањето на конкурсот), како и за подолг изминат период кој претставува заокружена творечка или континуирана работна целина.

Наградата за физички и правни лица се состои од диплома и плакета.

Право на предлагање кандидати за Наградата имаат правни и физички лица.

Предлогот за Наградата треба да биде детално образложен, а за кандидатите поединци да содржи и биографија.

Кон предлогот за доделување на Наградата за печатени дела и други изданија се приложуваат и два (2) примерока од делото,

Предлагачот е потребно да ги наведе својот полн назив, адресата и телефонскиот број Предлозите и иницијагивите да се достават најдоцна до 20 август 2018 година.

Формулар за конкурирање за Наградата „7 Септември“ на град Кавадарци може да се подигне во Граѓанско информативниот центар во Општина Кавадарци.

Предлозите се поднесуваат во 2 примероци преку пошта или директно во Архива на Локалиата Самоуправа Кавадарци соба број 20.