МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ги повикува сите заинтересирани млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик за волонтерска работа за проектот „За чисто и убаво Кавадарци“.

Со јавниот повик планирано е да бидат ангажирани 35 лица – волонтери кои доброволно ќе извршуваат активности за почист и по зелен град и тоа оплеменување на зеленилото, садење на нови садници, подигање на зелени површини, средување на постојните зелени површини, одржување на селските патишта и фудбалски игралишта, како и чистење и одржување на хигиената на повеќе локации и тоа просторот на поранешна дискотека Ла Луна, Градскиот парк, Моклиште, околината покрај Новиот суд, главните влезови на градот и околината на споменикот на „12- другари„-на Моклиште.

Работата ќе се извршува до 30 март нарежедната година.

Заинтересираните лица потребно е да достават пријава до Општина Кавадарци по што ќе бидат повикани за извршување на волонтерската работа.