МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во чест на 2 август 2018-Националниот празник на Македонскиот народ во големата сала на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци“ се одржа целовечерен концерт на Страшо Темков на флејта и Миле Каровски на класична гитара.

Овие кавадаречки реномирани уметници пред своја публика, на најголемиот празник на Република Македонија уште еднаш го поврдија професионализмот со кој располагаат.Рутинирано како што тоа го можат само големите уметницини ,Темков и Каровски, секој подеднакво на својот инструмент,отсвирија за душа на задоволство на публиката која дојде да ги слижне и види.

Темков е најдобриот македонски флејтист и е професор на Факултетот за музички уметности во Скопје, каде се помината голем број успешни генерации на флејтисти, музичар кој настапувал на стотици концерти низ Македонија и странство.Миле Каровски, класичен гитарист, извонреден музичар со десетици концерти низ Македонија и странство, кој во последно време е посветен на младите таленти и успешно го прави тоа преку неговата Школа за класична гитара.