МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Годинава колонијата е посветена на големиот уметник Ристо Соколов Сокол од Кавадарци.

На колонијата како учесници се јавуваат над 30 ликовни уметници од повеќе земји (Македонија, Бугарија, Србија, Велика Британија, Косово, Турција, Романија, Русија, Албанија и др.). Уметниците ликовните дела ќе ги ствараат во Хотел “Уни Палас 2“ КавадарциКолонијата е во организација на Дом на култура “Иван Мазов Климе“ Кавадарци, а со подршка на Локална самоуправа на општина Кавадарци и Министерството за култура на Република Македонија. Како помагатели се јавуваат и повеќе општествено одговорни фирми од градот.Во предвечерјето на отворањето на колонијата, во понеделник, на 20 август 2018, од 20 часот во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Александра Димитрова од Кочани.Официјалното отворање на Ликовната колонија e денеска 20 август 2018) во 21 часот во Хотел “Уни Палас 2“ Кавадарци. Специјални музички гости на вечерта се Рок триото “Вики, Деки и Маца“.За време на одржувањето на колонијата ќе се случат уште неколку придружни уметнички настани.Во среда, на 22 август 2018, од 20 часот, во организација ан Домот на културата, а во Галерискиот простор на Музеј - Гaларија Кавадарци ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Луан Зенки од Гостивар.Во петок пак, на 24 август 2018, со почеток од 12 часот, на Градскиот плоштад во Кавадарци ќе се одржи несекојдневен и спектакуларен ликовен перформанс со познатиот ликовен уметник од Турција - Орхан Цебраилоглу