КОГА КЕ СЕ ОДРЖИ ДЕМОФЕСТИВАЛОТ НА РОК ГРУПИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ОРГАНИЗАТОРОТ ДОПОЛНИТЕЛНО КЕ СООПШТИ

Поради влошените временски (не)прилики, одложено е одржувањето на демофестивалот Т’К-ТАК кој беше закажан за 7-ми Септември во паркот спроти Полицијата.

Ова денеска ни го соопшти Даниел Уневски-најповикан и најзаслужен за одржувањето на изминатите 5 изданија на Т’К-ТАК во Кавадарци.Фестивалот ке се одржи, секако, но кога дополнително ке се реши , во координација со останатите од организациониот одбор кој го прави еднаш годишно на ова ретко рокерско доживување, кое се одржува во чест на прерано починатиот тапанар-рок легендата за многу генерации-Трајко Каров.

A9626EA298305B479751CA7C228C4FE2.jpg

Ки“, „Unending Fury", „Kolt", „Drioma", „Harkem", „Swatovsky" и „Fullstop" ја сочинуваат листата на бендови кои освен што ќе имаат можност да ја почуствуваат моќта на големата бина и да се дружат со македонските рок легенди, ќе се натпреваруваат и за Гран при наградата Трајко Каров која изнесува 30.000 денари, која му се доделува на најдобриот тапанар.

Бубо Каров заедно со легендарните „Токму Така“ и најдобриот рокенрол состав во последната деценија во центрана Македонија, „Smoke Shakers“ се главни ѕвезди на јубилејното, петто издание на најголемиот македонски демо фестивал, „Т’к Так Фест 2016“.Во ревијалниот дел кој годинава е составен од бендови кои исклучиво доаѓаат од Тиквешијата ќе настапат и „Trilogy" и кавадаречко-неготинската рокенрол коалиција „Epidemy".