МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Договори на неопределено време и повисоки плати за вработените на ФЕНИ по целосното завршувањето на стечајната постапка. Просекот на плати е зголемен, но поради стечајната постапка тие добиваат договори на определено се додека процесот на се оконча.

Од гранковиот синдикат, исто така чекаат и формално ФЕНИ да излезе од стечај за да биде спроведено планираното.

„Од името на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија можам да изразам задоволство по усвојувањето на планот за реорганизација за ФениИндустри. Платите на вработени од месец во месец се зголемуваат. Ние редовно се сретнуваме со раководството на ФЕНИ. Сепак, ФЕНИ се уште се води како во стечај и судот треба да ја потврди одлуката. Тоа е единствената пречка за да почнеме со преговорите за колективен договор и останатите бенефиции за вработените. Се додека не излезе и формално од стечај ние сме ограничени, а вработените го очекуваат тоа од нас“, изјави Пеце Ристески, претседателот на гранковиот синдикат СИЕР при Сојузот на синдикатите на Македонија.

Планот за реорганизација како позитивен и перспективен беше изгласан и прифатен со 98 постотно мнозинство од Собранието на доверители, што претставува првпат во Македонија за кој било план да е прифатен со толкаво мнозинство.

Прифаќањето на планот значи конечно излегување на ФЕНИ Индустри од стечајот и завршување на неизвесност за опстојување на комбинатот. Планот, којшто е поднесен од ГСОЛ/ ЕуроНикел предвидува иднина и перспектива за комбинатот, поткрепена од крупни инвестициски потфати. Реорганизацијата со инвестициските планови ќе донесе зголемување на производните капацитети, нови вработувања, рестартирање на втората производна линија, пазарна експанзија и зголемување на извозните можности. ГСОЛ покажа сериозност во целиот процес преку откуп на сите побарувања во целост. Менаџерскиот тим, предводен од Герасим Кујунџиев и АндреасЦагарис, посочен во планот за реорганизација досега на терен покажа одлични резултати. Реализирање на планот за реорганизација на ФЕНИ има позитивни импликации за целиот кавадаречки регион, но и за македонската економија. Покрај редовните плати на повеќе од 800 вработени и тековно зголемување на нивниот број, ФЕНИ соработува со приближно 200 компании од Кавадарци и околината, а базата на добавувачи на ФЕНИ вклучува над 1000 домашни компании, чие успешно опстојување е директно поврзано со работењето на ФЕНИ.

ГСОЛ/ ЕуроНикел досега инвестираше повеќе од 80 милиони евра во ФЕНИ и во повеќе наврати ги потврди своите намери за иднината на фабриката. Инвестицијата од ГСОЛ започна со договорот за производство на никел, со кој се рестартираше производството. Оттогаш досега се произведени повеќе од 7.000 тони никел, што е повеќе од целото производството во 2017 година а до крајот на годината Еуроникел очекува да го надмине производството од 10.000 тони колку што било во 2016 година. Извозот продолжува, а се ангажирани 200 локални компании кои превезуваат од пристаништето во Солун и од Албанија. Руда потребна за преработка за редовно функционирање на комбинатот, земајќи предвид дека ФЕНИ нема свои ресурси, се увезува од меѓународни рудници.

ФЕНИ отиде во стечај со долг од 67 милиони евра и повеќе од 250 кредитори чии побарувања останаа неплатени. Во текот на стечајната постапка, преку оглас за користење на производните капацитети, фабриката повторно започна со работа. Заинтересираните инвеститори имаа можност да ги откупат долговите на ФЕНИ, а тоа го стори интернационалниот ГСОЛ кој на таков начин стана најголем доверител на кавадаречката компанија, а по одлука на собранието на доверители и идниот сопственик.

Имаше обиди од претседателката на ТранспаренсиИнтернешенел, Слаѓана Тасева да се дискредитира целиот процес, која што делуваше по преставка од CunicoResources, фирма која го однесе ФЕНИ во стечај, а се обиде да го ликвидира и да се впаричи имотот што значително би ја намалило вредноста, но за истата таа фирма во странство се водат случаи за корупција. За неа пак, за Тасева се водат граѓански постапки за клевета, а и интерна постапка во Транспаренсиинтернешнал поради изнесени наводи без да се испита втората страна во случајот.

И покрај сите тешкотии, Фениповторно се искачува на врвот на македонските извозници, со рестартирањето на производството значително влијае врз зголемувањето на БДП и секако е од големо значење за жителите на Кавадарци.

Б.Тошевски