МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска ЈП "Комуналец" во 06 часот наутро поради обилните дождови кои ја зафатија нашата општина овие денови, започна со акцијата перење и чистење на улиците од наноси на земја и кал.

Во акцијата се вклучени три цистерни со кои располага јавното претпријатие од кои две се со рачно перење и една со бренер.

Чистењето е започнато од Западен булевар до спојот со Северен булевар, па продолжува по улиците Вишешница, 8ми Септември, Гоце Делчев, Пионерска, Ресавска, Народен фронт, Булевар Цветан Димов, Булевар Моша Пијаде и Северен булевар.

Исто така да напоменеме дека ЈП "Комуналец" при работата се соочува со несовесни граѓани кои со своите постапки не го почитуваат законот за јавна чистота и не придонесуваат да после нашата интервенција, улиците да останат чисти.