МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци беше отворена изложба на познатиот ликовен уметник Драги Хаџи - Николов од Гевгелија.

Изложбата на која присуствувавме синоќа,не воодушеби со својата едноставност, а всушнот многу добро донесена етно-традиција на нашата самобитност како македонци.Прекрасни дела кој секој би посакал да ги има покрај себе и секојдневно да ужива во нив.Такви се сликите на Хаџи Николов - кој се претстави пред кавадарчани.

За неговото творештво говореше ликовниот уметним Ванчо Кеков,Марјан Тодоровски од Домот на културата „Иван Мазов Климе“ , и самиот автор.

За делата на Хаџи - Николов познатиот ликовен уметник Академик Васко Ташковски ќе каже: “Што се однесува до темите и содржините на овие изложени дела би можел да кажам дека сите овие предмети на сликите некојпат имале материјална и употребна вредност затоа што вековно биле употребувани од лугето, а сега тие артефакти од нашето богато културно наследство имаат не само ликовна туку и духовна вредност. Овие подзаборавени предмети реинкарнирани во сликите на Хаџи- Николов за секогаш ќе бидат заштитени од исчезнување во идните времиња“.Познатиот писател Академик Влада Урошевиќ пак ќе каже: “Ако треба накратко да се дефинира сликарството на Драган Хаџи Николов,тогаш би кажале дека тоа е сликарство на носталгија. Она што овој сликар го прави на своите платна, тоа е, всушност, еден вид сакрализација на минатото. Во овие мртви природи на Хаџи-Николов затворена е древната и секогаш одново обновливата и обновуваната формула за Златната епоха“.Изложбата е во рамките на Манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2018“, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

20181211_185852.jpg

20181211_192652.jpg

20181211_192408.jpg

2018121100000000000000.jpg