МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ПРЕС КОНФЕРЕНИЈА; Една година од фукционирањето на “Мој Општинар„

Општина Кавадарци прва во Република Македонија имплементира проект „Мој општинар“ како идеја на градоначалникот Митко Јанчев.

Се работи за исклучително успешен, функционален и одржлив проект преку кој службеници на општината (општинари) секојдневно се на терен меѓу граѓаните во Урбаните заедници. На самото место во директни контакти ги регистрираат и бележат проблемите, барањата и идеите на граѓаните.

Денеска одбележувајќи една година од проектот на прес конференција градоначалникот Митко Јанчев констатираше: „Резултатот од имплементацијата на еден ваков проект е повеќе од очигледен. Ангажираните 8 лица во проектот, Мој општинар директно учествуваа во реализацијат на повеќе проекти, пред се преку секојдневното излегување на терен и утврдување на фактичката состојба“.

Јанчев посочи дека „Ангажираните општинари заедно со приватните фирми донатори ги исчистија речиси сите диви депонии во општината, а акцијата „За убаво и чисто Кавадарци“ континуирано се реализира. Преку овој проект се изврши хортикултурно озеленување на над 30 000 метри квадратни. Тротоарите во централното градско подрачје се во целосна функција на пешаците со тоа што се поставија метални столбчиња. Една година жителите на општината директно контактираат со општинарите за даден реон ина тој начин се поблиску до општината, односно до брзо решавање на проблемот“.

Службата Мој општинар даде голем придонес и во целосното ажурирање на податоците во даночното одделени. Преку фотографии и собирање на нови податоци се направи нов систем за наплата на данокот на имот.

Мој општинар,според фактичката состојба на терен, заедно со службите ги подготвија и програмите за комунална изградба за 2019 година, како и програмите за јавна чистота и зеленило“ истакна градоначалникот.

Жалба на Јанчев е во наредната 2019 година општинарите да имаат уште поголеми успеси, а жителите на ОпштинаКавадарци да бидат уште позадоволни.

извор; www.kavadraci.gov.mk

DSC_0034-4.jpg

DSC_0038-4.jpg