МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Фото - архива

Во Службениот Билтен на МВР денеска се објавени податоци за сообраќајната незгода која синоќа се случила во Ваташа кога патничко возило Југо излетало во реката „Луда Мара„.Притоа едно лице било повредено. Во билтенот е наведено :

„На 17.01.2019 година во 20.30 часот на улица „Страшо Пинџур“ во село Ваташа, кавадаречко, патнички автомобил „Југо“ со битолски регистарски таблици, управуван од Е.Б.(40) од Кавадарци, излетал од патот и паднал во реката. Притоа, со повреди се здобил возачот, на кого му била укажана лекарска помош во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила екипа од полициската станица Кавадарци.“