МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во ООУ„Гоце Делчев„ се чествуваше за името и делото на Делчев

Гоце Делчев е роден на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Бил учител во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата.

Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија. Делчев е убиен од турска војска, на 4 мај 1903 година во селото Баница.

Делегациаја на училиштето, Локалната самоуправа и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци положија цвеќе пред бистата на револуционерот.

За Гоце Делчев зборуваа: Весна Ангеловска-директорка на ООУ „Гоце Делчев„ и ученичката Теодора Јанкулова-ученичка во 5-одделение.

51116776_250961235620506_4363016908161679360_n.jpg

51380772_2235230056715018_7922406595852500992_n.jpg51202440_2594500284109711_2582418428966993920_n.jpg51523821_1998454317125548_4803712043431493632_n.jpg51236042_400473270497612_5866088924404776960_n.jpg