МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци започна со реализација на сообраќаен проект за подобрување на вертикалната патна сигнализација.

Предвидено е комплетно да се реконструраат семафорите на три значајни раскрсници од кои две во центарот кај Домот на Културата и кај старатa автобуска, како и семафорската постројка кај училиштето „Гоце Делчев“.Според проектот целосно ќе биде заменетa подземната инфраструктура за електричното напојување, а комплетно нови ќе бидат столбовите како и светлечките уреди возачки и пешачки латерни со одбројувачи на време во ЛЕД технологија.Ова е прв посериозен зафат за реконструкција на семафорите од нивното поставување во седумдесеттите години од минатиот век, кога Кавадарци за прв пат доби светлосна регулација со семафори на сообраќајот низ градските улици.

52300379_2366638800226834_7795132739048439808_n.jpg

53154999_2366638756893505_1743201464509005824_n.jpg

53142141_2366638986893482_1622603936798081024_n.jpg

53072443_2366638813560166_535309502409342976_n.jpg52977651_2366638820226832_5806005682008227840_n.jpg