Според акциониот план се пошумуваше на локалитетот „Журов дол“ над селото Ваташа, каде беа посадени 1.200 садници на багрем.Ова е трета акција за пошумување на голините на поројницата. Во акцијата учествуваа: вработените од Општина Кавадарци, вработени во подружницата „Бор“ Кавадарци, ЈП „Комуналец“, од „Кожувчанка“, како и од „Дрекслмајер“ со механизација.Планирано е акцијата да се одвива во текот на пет дена, во зависност од временските прилики, при што треба да бидат посадени од 7 до 8 илјади садници на багрем .