Љубителите на џез музиката синоќа во Кавадарци имаа одлична можност да уживаат во настапот на Toot quartet кој изведе дела од францускиот џез пијанист, композитор, аранжер и повремено изведувач Клод Болинг. Toot quartet го сочинуваат четворица врвни музичари. Стојанче Косовски -труба. Од 2005 година е прв трубач на Македонската опера и балет, каде работи до денес. Емилија Кабранова Филипова – пијано. Активна на музичката сцена како солист, камерен музичар, пијано придружник, која покрај во Тот квартет е дел и од други камерни состави. Зоран Павловски е контрабасист во оркестарот при македонската опера и балет, активен на домашната и странската сцена преку 25 години, составен дел од многу џез, класични и етноворлд состави во земјава и странство. Дел од овој квартет е и Филип Шурбевски на тапани, Вработен во оркестарот на Македонската опера и балет како прв тимпанист. Кабранова Филипова вели дека се пресреќни што после подолг период, поради пандемијата имаат можност за настапи и средба со публиката