МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сојузот на слепи лица од Кавадарци на 18 април беше домаќин на годишниот концерт на Националниот сојуз на слепи лица од државата , кој беше одржан во салата на Дпмот на културата во Кавадарци.Настапија домашни и изведувачи на забавни и народни песни и ора од земји со кои Националниот сојуз на Македонија има долгогодишна успешна соработка.Во тоа посебно е значајна соработката со соодветните сојузи на слепи од Бугарија и Турција, а гости на концертот беа и членовите на Ансамблот на песни и ора „Тиквеш„ при Домот на култура Кавадарци.

Пред започнувањето на концертот со пригодни зборови присутните ги поздрави претседателот на националниот сојуз на слепи лица Жарко Селковски.