МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека утре во периодот од 07:00 часот до 14:00 часот раскрсницата на улицата „Илинденска“ со улиците „Цано Поп-Ристов“ и „Пано Мударов“ кај старатa Aвтобуска ќе биде целосно затворена за сообраќај.

Времениот режим на сообраќај се воведува заради асфалтирање на расксницата во рамките на проектот за ревитализација на главните сообраќајници во градот.

Се молат учесниците во сообраќајот да го почитуваат времениот режим заради непречено и квалитетно изведување на работите.