МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Црвен крст на Македонија Општинска организација Кавадарци на вчера во СС ,,Партизан`` во Кавадарци го одржа 28 општински натпревар по прва помош во категорија подмладок и младина .

На натпреварот зедоа учество 10 екипи и тоа 7 екипи во категорија подмладок од основните и 3 екипи во категорија младина од средните училишта од Кавадарци и Росоман.Натпреварот се одвиваше на три работни места, со по три позиции, каде првото место во категорија подмладок го освои ООУ ,,Тошо Велков Пепето,, од Кавадарци, а во категорија младина екипата од гимназијата ,,Добри Даскалов,, од Кавадарци.Судиите на натпреварот беа задоволни од покажаното знаење и интересот за првата помош на сите екипи од натпреварот. Во натпреварот беа вклучени и волонтерите од Клубот на млади на Општинската организација Кавадарци, кои помогнаа во успешно спроведување на истиот. Натпреварот се одвиваше со натпреварувачки дух, каде екипите ги покажаа своите знаења од правилна, навремена и ефикасно укажана прва помош.Сите членови од екипите и менторите на истите се здобија со дипломи за учество на натпреварот, а за сите учесници пред натпреварот беше накратко одржана дисеминациска сесија.

60092345_10218842567551209_1001852386521645056_n.jpg60584768_10218842566671187_841110899006636032_n.jpg