МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

За Ристо Соколов -Сокол на неговиот роденден во Кафе клуб „Дорс„

Вчера -во неделата, на 16 април 2017, бев на едно убаво невообичаено за кавадаречки прилики, место,кафулето Дорс...Ретко или воопшто не влегувам во кафулиња ,но овој пат влегов затоа што имав убав ,благороден повод-да се потсетам на мојот пријател Рики.И ми беше убаво иако не бев повеке од 45 минути овде.Имаше убава атмосфера затоа што Марјан,Ацо, Биљана и други пријатели тоа што го подготвиле го направиле- скромно и со стил.

17990905_10203072538172264_5494839945418681777_n.jpg

Во организација на неформалната група уметници “Сокол Арт“, која делува во рамките на Здружението за алтернативна култура “Алтер Центар“ Кавадарци, се одржа манифестацијата “Пријателите за Ристо“ посветена на 60 години од раѓањето на големиот уметник и човек Ристо Соколов Сокол. Со пригодна изложба на фотографии од животот на Ристо и настап на групата “Лексикон“(која прави добра свирка), со споделени сеќавања за големиот уметник на Александар и Марјан и неговите блиски во просторот на кафе клубот “Дорс“ во Кавадарци.