МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заменик градоначалникот на Кавадарци д-р Никола Трендафилов вчера оствари средба со г-ѓа. Катрин Фриинсфелд раководител на одделот за култура и образование при амбасадата на СР Германија во Скопје.

Повод за средбата беше отворањето Фестивалот на новиот германски филм во рамкитена неделата на германскиот филм во Кавадарци. По пауза од една година оваа значајна манифестација се враќа во нашата земја. Почнувајќи од 13 мај па до крајот на оваа недела публиката во Кавадарци ќе има можност да проследи осум филмови од најновата германска филмска продукција, меѓу нив и филм добитник на сребрена мечка од годинешното „Берлинале“.

Во салата на Домот на културата ќе бидат прикажани осум долгометражни филмови од кои 3 се за деца.

Целта на фестивалот е зближување на германската и македонската култура преку 7 уметност и запознавање на нашата публика со најновата германска филмска продукција.

На средбата покрај заменик градоначалникот Трендафилов и госпоѓата Фриинсфелд присуствуваа и г-ѓа. Хаике Јовеска од одделот за култура, како и Александар Малинков директор на Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ од Кавадарци.

192828.jpg