МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Кавадаречката културна есен“ ,започна вечерва во Кавадарци на вистинскиот прв студен есенски ден годинава,но тоа не беше пречка содржините на отварањето да ги стоплат срцата на оние кои дојдоа.Средбата на отварањето протече како беше предвидено, во Домот на културата,каде се одржа ликовна изложба,поетско читање и мини концерт.

Ова манифестацијата , до почетокот на декември ќе донесе бројни изложби, концерти, промоции, претстави за љубителите на културата и уметноста од Кавадарци и Македонија.Вечерва беше отворена изложба под наслов “UNIVERSE AS INTEGRITY ALLUSION“ (Вселената како обединувачка алузија)на ликовните уметници Шкипе Мехмети, Дита Старова-Керими и Зарије Амдију. Овој настан го овозможи Дирекцијата за култура и уметност од Скопје од чие име говореше Никола Глигоров.Изложбата рече тој гостуваше во големи центри во светот, меѓу другите и во Њујорк.И во Македонија е добро примена , оттаму и задоволството на трите уметнички за можноста да бидат присутни пред кавадарчани.

Инаку на отварањето се одржи концерт на Менка Богоевска - виолина и Габриела Бачманова – пијано кои ја исполнија со пријатна музика Галеријата на Домот а поетите Надица Тренчева, Вероника Костадининова, Тодорка Андова и Цветанка Колева од Здружение на писатели “Тиквешки цветови“ Кавадарци се претставија со свои најнови поетски творби.

Водителот на вечерта-актерот Александар Малинков уште во најавата кажа дека и ова есен Кавадарци ке има богата културна понуда, која треба да се проследи.

Директрот на Домот на Културата ,Владимир Теков, вети дека и годинава „Кавадаречката културната есен “ке донесе повеке вредни уметнички настани од различни области,се заблагодари за подршката од градоначалникот и Советот на Општината за слухот кои го имаат за организирање на сите културни збиднувања.Кавадарци располага со силен уметнички потенцијал и треба биде домаќин на случувања од културата, нагласи Темков.

Градоначалникот Александар Панов, видно емоционално позитивно трогнат од музицирањето на познати филмски дела во класична верзија од Богоевска и Бачманова, рече дека во последно време поради низата обврски и се што носи модерното