МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дрекслмајер донираше нови постојки за општините Неготино и Росоман

Од неодамна жителите на Неготино и Росоман користат нови, модерни автобуски постојки кои се донација од компанијата Дрекслмајер.Постојките во Неготино се современо опремени и на градот му даваат еден поинаков лик. Во склоп на една од нив ќе биде пуштен во употреба и киоск, со што на граѓаните им се нуди практично и функционално решение.

„Ја поздравуваме поддршката на компанијата Дрекслмајер, како и постојаното инвестирање во заедницата. Овој пат преку донација на современи автобуски постојки во Неготино. Ова е нешто кое на граѓаните од нашиот град одамна им беше потребно. Особено сме задоволни што компанијата излезе во пресрет на нашите барања и ги исполни очекувањата во однос на тоа како би сакале да изгледаат постојките“ – Весна Ѓорчева, архитект во Општина Неготино.

Во склоп на проектот беше вклучена и Општина Росоман која исто така го промени својот лик. Пет автобуски постојки, донација од нашата компанија, беа поставени на неколку клучни локации за жителите на ова населено место.„Според нашиот план за поддршка на регионот се разбира дека и помалите општини се составен дел од истиот и токму затоа нѐ радува фактот што покрај Неготино и жителите на Росоман веќе извесен период имаат можност да ги користат новите автобуски постојки“ –Лукас Мирингер, генерален директор на фабриката Дрекслмајер во Кавадарци.

Дрекслмајер е приватна, семејна компанија која поддржува социјални и одржливи проекти со намера да ја зајакнува довербата како партнер на регионот. Вредностите на компанијата се темелат на поддршката која ја пружаме на заедницата и разните општествени групи. Особено нè радува тоа што голем број на жители ги чувствуваат придобивките од реализираните проекти.