МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци и ангажираната фирма за реализација на проектот „Западен булевар“ денеска извршија пробно асфалтирање на делница од 220 метри на потегот од раскрсницата кај новата бензинска во правец на Росоман.

Во наредните денови на оваа делница ќе бидат спроведени низа проби со кои ќе се испита квалитетот на подлогата, носивоста и квалитетот на асфалтот.Добиените резултати ќе одредат како и на кој начин ќе се реализира асфалтирањето на целокупната траса од проектот запроширување на „Западен булевар“.Овие испитувања се неопходни бидејќи се работи за ново сообраќајно решение на најоптоварениот влез во Кавадарци од север од правец на Росоман, автопатот коридор 10 и Скопје.Веднаш по ова ќе следи кампања за целосна реализација на проектот „Западен булевар“.Општината апелира до возачите за време на изведување на градежните работи да го почитуваат времениот режим на сообраќај на оваа делница.

Според зборовите на градоначалникот Митко Јанчев, со кого разговаравме денеска,ako се оди според планот, наскоро треба да следува комплетно асфалтирање на целата делница со што влезот на Кавадарци, од страната на Росоман, ќе стане модерна европска сообраќајница, каква на Кавадарци и доликува.

60741207_2419082704982443_1749063278824259584_n.jpg