МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Општина Кавадарци реализираше уште еден проект по пат на донација од општествено одговорните компании.

Денеска во функција беше предадена нова линија од јавното улично осветлување. Општината постави 7 нови столбови со штедливи ЛЕД светилки и пластични кугли на тротоарот пред зградите лепотици.

Столбовите ги обезбеди општината, а се работи за ниските столбови носачи кои беа извдени од старите семафори и адаптирани за канделабриза улично осветлување. Материјалот и монтажата се донација на компанијата „Кожувчанка“ и на специјализираната електромонтерска фирма „Ел-БОХ“ од Кавадарци.

Новите столбови поставени пред влезовите во зградите „Лепотици“ како надградба ќе го подобрат постојното јавно улично осветлување.

61393179_2426008480956532_8089745913343377408_n.jpg